image image image image image image image image image image image image image image image image image image
Брусни плочи за сечење и брусење Плочите за сечење и брусење „ФЛЕКС“ се изработени од алуминиум оксид или силициум карбид, зајакнати со стаклена ткаенинa и со смолно врзиво. Истите служат за сечење и груба обработка на различни метали и неметали. Се употребуваат на стационарни и рачно водени машини со работна брзина од 80 или 100м/сек. На секоја брусна плоча има налепница на која се означени сите информации неопходни за безбедно користење. Исто така се наведени и ознаките „ЕН12413“ што покажува дека брусните плочи ги исполнуваат Европските стандарди за безбедност „оЅа“ што значи дека плочите поминале независен тест и инспекција на продуктите и процесите.
Grinding wheels for cutting and grinding
Cutting off and grinding wheels „flex wheels“ are made of aluminium oxide or silicon carbide, reinforced whit fiberglass fabric and are resin bonded.
They are for cutting and rough grinding of various metal and non-metalic materials on hand-held or stationary machines with peripheral speeds of 80-100 m/sec. Every wheel bears a label containing all of the information necessary for safe use.
Брусни плочи Производствена програма
-Рамни брусни плочи
-Брусни плочи за острење алати
-Брусни обрачи
-Брусни лонци
-Брусни плочи со дршка за внатрешно и надворешно брусење
-Брусни сегменти и бубрежнаци
-Брусни турпии и брусеви за хонирање
Вештачките брусеви опфатени во производствената програма можат да бидат во керамичко, смолно и магнезитно везиво
Grinding wheels Production program
-Flat grinding wheels
-Tool sharpening grinding wheels
-Grinding rings
-Grinding cups
-Mounted points with nuts
-Grinding segments and „kidneys“
-Greinding files and honing grinders
These products can be ceramic, resin or magnesite bonded.
Рамни брусни плочи Рамните брусни плочи се тркалезни брусни плочи со планпарлелни страни и со отвор за осовина. Рамните брусни плочи обично се изработуваат со рамен раб, но на барање на потрошувачите можат да бидат изработени и со профилирани рабови.Покрај стандардните димензии и квалитет на барање на купувачот ги изработуваме во сите димензии , но со најголема димензија до Ø -760мм.    
Flat grinding wheels Are round wheels with plan parallel sides and barbell hole. Usually they are usually are with flat forehead. But can be profiled by customers demand. Besides standard quality and dimensions can be produced up to Ø 760 mm diameter upon request.  
Брусни плочи за острење алати Брусните плочи од овие облици Служат за острење на сите видови алат како и за брусење на гранитни мерила, запчаници, навои и друго.Се изработуваат според светските стандарди освен облиците Клингелнберг, Мааг и Нилес. Другите облици и димензии на брусните плочи за острење алати ги изработуваме по желба на купувачот, а за нив е потребно да се достави цртеж.
Tool sharpening grinding wheels       Are intended for sharpening of all kinds of tools as well as grinding of granite
measures, gears, wormshafts and screw threads.
They are made under world standards exept Klingelnberg, Maag and Niles
shapes. All other shapes can be produced by the customer.
Брусни обрачи Брусните обрачи претставуваат брусни плочи кои имаатоблик на обрач. Служат за рамно и челно брусење.
Grinding rings     Ring shaped, intended for flat or frontal grinding.
Брусни лонци  Брусните лонци претставуваат брусни плочи кои имаат облик на лонец и можат да бидат во конусна и цилиндрична форма. Служат за рамно и челно брусење.
Grinding cups     Can be cylindrical or conical intended for flat and frontal grinding.
Брусни плочи со дршка за внатрешно и надворешно брусење Брусни плочи со дршка се брусни плочи во разни облици и димензии кои се центрично прицврстени на железни осовини со дијаметар од Ø 3мм или Ø 6мм. Се изработуваат обично од благороден електрокорунд и силициум карбид во керамички, а по потрба и во смолно везиво.Се употребуваат на мали бруселици за внатрешно и надворешно брусење.
Mounted points with nuts Various shapes and sizes, concentrically attached to iron alloys with diameter from Ø 3 mm or
Ø 6 mm. Usually made of noble electrocorund and silicon carbide in ceramic, and afterwards also
in resin bond. Intended in small hand held tools for inner and outer grinding.
Брусни сегменти Брусните сегменти претставуваат брусни тела во облик на сегмент коуи се прилагодени за стегање во специјални машински глави. При нарачување на брусните сегменти потребно е да се достави скица со потребни димензии.
Grinding segments Are special machine heads. Every order requires a sketch of shape with measures.
Брусни турпии и брусеви за хронирање Брусните турпии претставуваат брусни производи во разни облици кои се употребуваат за фино рачно дотерување. Брусните турпии од благороден електрокорунд се употребуваат за дотерување на сите видови алати, шаблони од челик, а брусните турпии од силициум карбид за дотеруванње на алати обложени со тврди метали, обоени метали и неметали. Брусевите за хонирање најчесто се употребуваат во индустријата за изработка на мотори со внатрешно согорување.
Grinding files and honing grinders They are grinding products in various shapes intended for fine hand grinding. The files of noble electrocorund are intended for adjusting - grinding of all tools, steel templates, and silicon carbide made files are used for fine-tuning of hard metal tempered tools and nonmetal and non iron metals. Honing grinders are used in (combustion engine) industry.

Иднина Змеј

Фабрика за брусни камења за сечење и брусење на метали и неметали, стаклени дискови за зајакнување, стаклена ткаенина за градежништво.